
На 2 март 2010, специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Ерван ФУЕРЕ и Потпретседателот на владата задолжен за европски прашања, Васко НАУМОВСКИ ја потпишаа финансиската спогодба за компонентата за рурален развој 2007-2010 од претпристапната помош (ИПА).
Во петок,
19 февруари, Комесарот за проширување и европска соседска политика Штефан ФИЛЕ, ја посети поранешна Југословенска Република Македонија.
Г. ФИЛЕ ја посети земјата само една недела по неговото назначување. Посетата беше во контекст на препораката на Европската комисија за отворање преговори за пристапување кон ЕУ, која на 10 февруари беше широко поддржана од страна на Европскиот Парламент.
Приказни од теренот
Придобивки за
единиците на
локалната самоуправа и
граѓаните од
децентрализацијата
На
28 април, Мисијата на Европската Унија во Скопје
организираше завршна свеченост за да се истакнат
резултатите од два проекти за поддршка на процесот на
децентрализација во поранешна Југословенска Република
Македонија: Проект за Награда за општините 2008 и Проект
за општинска инфраструктура.
Целта на Проектот за награда за општините 2008 беше да
се оддаде признание за особени и одржливи достигнувања и
најдобри практики на општините, кои имаат реално
влијание за подобрување на животот на луѓето од
општината.
Првата награда во износ од 333,000 евра е доделена на
општината Ресен за проектот: Намалување на влијанието на
земјоделството врз животната средина во регионот на
Преспа.
Втората награда во износ од 200,000 евра беше доделена
на општината Илинден за проектот: Локален економски
развој на општина Илинден.
Третата награда во износ од 133.000 евра беше доделена
на општината Чаир за проектот: Нова општинска зграда.






















